×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Создадени нови 20-тина дела на Ликовната колонија „Свети Јоаким Осоговски“

    15.09.2021 06:48 | Жаклина Цветковска

    Околу 20-тина нови уметнички дела ја збогатија збирката на Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“, која годинава се одржа по 35-ти јубилеен пат, во истоимениот манастирски комплекс кај Крива
    Паланка.

    Создадени нови 20-тина дела на Ликовната колонија „Свети Јоаким Осоговски“

    „На овогодинешната ликовна работилница, која се одржа во пандемиски услови, твореа 9 уметници, кои создадоа 16 слики и 3 скулптури. За жал, двајца уметници од Бугарија беа вратени од граничниот премин и не можеа да присуствуваат на колонијата поради протоколите за ковид кризата“, вели координаторот на манифестацијата Јордан Михајловски.

    Сепак, тој е задоволен од ова ликовно издание и создадените естетски вредности на уметниците, кои твореа по слободен избор, со различен стилски ракопис, претежно во акрилна техника. Дел од нив беа инспирирани и од манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ и духовната енергија која се чувствува во ова сакрално светилиште.
           
    На овогодинешната ликовна сесија учествуваа уметниците Данчо Ордев, Стефан Хаџи Николов ,Мирјана Крстева Масети, Валентина Илијевска, Лазо Ѓоргиевски, Нела Јанковска,и Дејан Иванов –Маргуш од Македонија ,Светозар Тасиќ од Србија и Снежана Мелник од Украина.

    Колонијата беше посветена на неодамна починатиот доајен на македонското сликарство Димитар Стојчевски, кој е и еден од основачите на колонијата, а сликарот Стефан Хаџи Николов направи негов портрет кој е централно дело од овогодинешната ликовна работилница.

    Делата ќе бидат претставени пред публиката на изложба во ЛУ Градски музеј Крива Паланка, а потоа и во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип и други места.

    Оваа значајна уметничка манифестација е подржана од Министерството за култура, општина Крива Паланка и од манастирот Св.Јоаким Осоговски. Таа е една од најстарите ликовни колонии во земјава и досега брои над 500 дела, кои се наоѓаат во манастирската збирка.