×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стефани Симонова на 11 години светски шампион во интелектуални вештини

    29.03.2021 13:59 | KumanovoNews

    Стефани Симонова од Крива Паланка има само 11 години, а веќе стана светски шампион во интелектуални вештини и способности. Титулата ја доби на неодамна одржаниот Меѓународен натпревар Бреинобреин во Дубаи, во конкуренција на 25.000 ученици од 45 земји во светот, рапоредени според возраст и ниво.

    Стефани Симонова на 11 години светски шампион во интелектуални вештини

    Стефани е дел од тимот и од првите генерации кои целосно ја имаат завршено Бреинобреин програмта за интелектуални вештини и способности во Едукативниот центар „Сигма“ од Крива Паланка.

    „Се чувствувам гордо и благодарно што имав можност да ја завршам една од најдобрите програми во светот, посветена на целокупниот развој на личноста, која ми даде способност за поголема самодоверба, концентрација, меморија, визуелизација, развој на умствените капацитети итн. Изучувањето на оваа програма ми помогна да се стекнам со успеси, признанија и награди и во други области како што се спортот, музиката и странски јазици. Сите досегашни постигнувања ми се мотивација да продолжам и понатаму да се образувам и да се натпреварувам“, вели Стефани.

    Бреинобреин е една од најдобрите иновативни програми во светот, посветена на целокупниот развој на личноста.

    Со користење на Абакус менталната аритметика и истовремено користење на левата и десната страна на мозокот, учениците се здобиваат со повисоки интелентуални и ментални вештини и способности. Целта е зголемување на концентрација, решителност, меморија, визуелизација, математички вештини, брзина и точност, дисциплина и трпение, креативност, лидерство, како и зголемен капацитет за учење и поголема самодоверба“, вели сопственичката на училиштето Сашка Младеновска.

    Учениците на оваа програма ги развиваат своите вештини и способности преку користење на повеќе посебни техники и методи, напредувајќи постепено од едно до друго ниво.

    „Програмата има 10 нивоа , кои се завршуваат за 3-4 години. Регистрирани се вкупно околу 60 деца кои ја започнале програмата воЕдукативниот центар „СИГМА“, а досега сите нивоа ги имаат завршено 8 деца. Повеќе ученици стасаа до 7 ниво, но поради пандемијата имавме мал прекин, затоа што програмата и активностите бараат физичко присуство“, велат менторот Сашка Пешовска.

    Учениците редовно учествуваат на Интернационалниот натпревар на Бреинобреин во Скопје каде се стекнале со голем број натрофеи и медаљи. Годинава, пак, за првпат учествувале и на Меѓународниот натпревар во Дубаи и веднаш го освоиле шампионското место.

    „Многу сум им благодарна на мојот ментор Сашка Пешовска, која не мотивираше и не насочи кон успешно изучување и развој на нашите личности испособности, како и на проф. Младеновска, која ни ја овозможи оваа програма во нашата општина“,  вели Стефани Симонова.

    Таа учествува и во повеќе Еразмус+ проекти, а проектот „Little responsible citizens are reshaping their future“, ќе го носи нејзиното лого, кое е победничко во неколкуте земјите натпреварувачки.

    За постигнатите резултати доби признание и плакета од Општина Крива Паланка, врачена од страна на градоначалникот Борјанчо Мицевски.

    (Ж.Цветковска)