Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Србија, Бугарија и Босна и Херцеговина денеска е прогласен за ден на жалост, а во Црна Гора беше вчера, по големиот пожар во дискотеката во Кочани.
Владите на државите во регионот се солидизираат со болката на македонскиот народ, поради големата загуба од 59 млади и над 160 повредени на пожарот во дискотеката.
Во странство се лекуваат 76 повредени, а во болниците во регионот се згрижени дел од нив. Во болниците во Ниш и Белград се наоѓаат 29 повредни, во Бугарија 14 и во Грција 8 повредени.
Во Белград, Србија поставени се српски и македонски знамиња на половина копје, по главните сообраќајници- поголемите улици и булевари, а на дисплеи на деловните згради и трговски центри се емитуваат пораки на поддршка.