×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вкупно 78 жени од Ранковце извршиле превентивни прегледи во Гинеколошката мобилна амбуланта

    22.03.2022 15:27 | Жаклина Цветковска

    Во акцијата за превентивни гинеколошки прегледи во руралните средини, вкупно 78 жени од општина Ранковце ги искористиле бесплатните услуги на Гинеколошката мобилна амбуланта која беше поставена во оваа општина.

    Вкупно 78 жени од Ранковце извршиле превентивни прегледи во Гинеколошката мобилна амбуланта

    Превентивните прегледи опфаќаат бесплатен ПАП тест и гинеколошки ЕХО преглед, со цел превенција и рана дијагноза на рак на грлото на матката.

    Контролите ги вршат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и повеќе болници во државата, а работата на мобилните амбуланти е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари – МАГО, Македонското лекарско друштво, Црвениот крст и УНФПА –  Фондот за население на Обединетите нации.

    Во иницијативата е вклучен и Црвен крст на РСМ, а волонтерите од Црвениот крст Крива Паланка обезбедија логистичка и информативна поддршка и учествуваа во мапирање на ранливите целни во соработка со матичните лекари и Центрите за социјална грижа .

    „Со работата на мобилната амбуланта треба да се зголеми бројот на жени од ранливите групи и од руралните и оддалечените места, кои ќе направат бесплатни гинеколошки прегледи, како и да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи, бидејќи прегледите се најдобра заштита од болести“, вели секретарот на ОО Црвен крст крива Паланка, Дарко Пешовски.

    Пациентките се прегледувани на дневна основа, со закажани термини од 9:30-14:30 часот, со 30 минутен преглед за секоја жена.