Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во 10.30 часот тргната е забраната за сообраќај на товарни возила кон граничниот премин Деве Баир, која беше утринава воведена поради интензивните врнежи од снег.
Екипи на „Македонија пат“ интензивно работат на расчистување на делницата и овој пат е пуштен во сообраќај за сите видови возила.
Инаку, магистралниот пат е прооден и интензивно се работи на негово одржување во зимски услови. Се очекува во текот на денот да се пристапи и кон расчистување на регионалните патишта кон Голеш, граница со Србија и кон Огут. За регионалниот пат Ранковце-Герман, пак, е потребна специјална машина, по чие обезбедување ќе се работи и на оваа делница, информираат од „Македонија пат“.
Континуирано се работи и на расчистување на улиците во Крива Паланка и на локалните патишта. Дежурни екипи од ноќеска се на терен и речиси целото градско подрчје вече е расчистено, а истовремено се работи и на чистење на снегот на тротоарите.