Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалниците од Североисточниот регион денеска едногласно за нов претседател на Советот на градоначалници ја избраа Жаклина Јовановска, градоначалничка на општина Старо Нагоричане.
Новата претседателка вети дека заедно со своите колеги во наредниот период ќе носат работи на унапредување и развој на регионот, кој е насиромашен во државата.
„Имам одлична комуникација со сите колеги од соседните општини, иако сме од различни партии и граѓански иницијативи, поради тоа се надевам дека ни престои успешна соработка, заради промоција на регионот и обезбедување на што повеќе проекти во интерес на граѓаните“, кажа Јовановска.
Во Советот членуваат градоначалниците на Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Кратово, Ранковце.
Одлуките на Советот на градоначалници ги спороведува Центарот за развој на Североисточниот плански регион.