×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановска семејна винарија доби три медали за квалитет на саем во Белград

    20.01.2024 07:50 | Сузана Николиќ

    Семејна винарија од Куманово освои три медали на престижниот Саем на вино „Отворен Балкан“, кој на крајот на минатата година се одржа во Белград, Република Србија. 

    Кумановска семејна винарија доби три медали за квалитет на саем во Белград

    Во конкуренција од над 700 излагачи со над 2.000 сорти на вино од регионот и Европа, вината „Томино“ со македонско географско потекло од кумановскиот вински регион ја освоија публиката и стручното жири и се закитија со две златни и една сребрена медала за квалитет.

    Сопственикот Томислав Трајковски, вели дека тие како претставници на мала семејна винарија се пресреќни што добиле толку високи признанија. Нивниот штанд го посетиле голем број на граѓани меѓу кои и македонски и српски политичари, кои биле воодушевени од вината.

    „На саемот се претставивме со седум вина, од кои три беа во конкуренција за награда. Во категоријата на црни вина: за „мерло барик“ и „кабарне“ добивме златни медали, додека за обичното „мерло“ освоивме сребрена медала. Се работи за млади вина со години на производство во 2021 и 2022 години. Квалитетот на вината се оценуваше на основа на структурата и аромата на вината. Ова е голем успех за една мала винарија како нашата и тоа е додадена вредност на нашата работа. Наградите се мотив да продолжиме со зголемување на асортиманот и квaлитетот“, вели Трајковски.

    Тој е посебно горд што признанието за квалитет доаѓа само по неколку години откако се регистрирани како семејна винарија. Успехот го гледа во вистинскиот избор на стручни соработници, пред се енолози кои си ја знаат работата и со заедничката посветеност. Нивните вина и предходно биле наградувани на домашни саеми, а следното претставување го планираат на саем во Болоња, Италија.

    Семејната винарија „Томино“ има сопствено производство на винско грозје од француските сорти мерлон, кабарне и шардоне, а по потреба купува темјаника од други македонски производители. Нивните насади се наоѓаат во селото Табановце, кое заедно со соседните села Четирце, Никуљане, Старо и Младо Нагоричане, се сметаат за исклучително квалитени во кумановското виногорје.

    „Грозјето кое ние го одгледуваме не е толку издашно во количина, но има висок квалитет. Поради многуте сончеви денови шеќерната единица е висока, има одредени киселини кои им одговараат на вината. Во овој регион на времето ЗИК Куманово имаше своја плантажа со лозје, квалитетот е исклучителен токму поради надморската висина и сончевите денови. Овде има традиција, но за жал малку се користат природните ресурси за развој на овој бизнис. Нашето производство е до 10.000 литри, но се надевам дека наредните години ќе биде многу повеќе, бидејќи сме регистрирани како мала винарија и имаме право на производство до 50.000 литри вино“, додава Трајковски.

    Регистрирањето на првата семејна винарија во Куманово е продолжение на традиција која што се негувала во неговото семејство Трајковски со генерации наназад. Дедовците на Томче имале големи лозја во Банево Трло и во Младо Нагоричане и произведувале вино и ракија, кои биле прочуени во регионот. Кога нивните лозја остареле, внукот засадил нови насади и го осовременил и проширил процесот на производство.

    Неговите планови се да ги прошири капацитетите на винова лоза, да изгради вински подрум и угостителски објект за дегустација во Табановце, кој ќе биде дел од винската карта во Македонија.

    Во Македонија има 50 мали семејни винарии, главно во Неготино и Кавадарци,  додека во Куманово единствена е винаријата „Томино“.  Државата на семејните винарии им помога со тоа што им овозможила да се регистрираат и да прават вино од сопствено производство. Со тоа се создале услови да се отвораат повеќе мали винарии, кои ќе го одржуваат засадите со винова лоза и ќе прават афтохтони вина.

    Томче вели дека Македонците иако имаат многу квалитени вина, кои се признаени во регионот и светот, ја изгубиле навиката да ги пијат. Традицијата во нашите семејства да се прави домашно вино за цела година, од помодарство се заменила со пиво и други производи кои не се дел од нашето поднебје. За разлика од кај нас, при студиските посети имал прилика да види дека во другите земји, како на пример Словенија, Италија, Франција, виното уште го држи приматот. Вели дека во Србија македонските вина се многу ценети, и на саемот биле откупени сите количини од тамошните граѓани.