×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • БОРДЕЛИ ВО КУМАНОВО ПРЕД ВОЈНАТА

    17.01.2016 12:17 | KumanovoNews

    (ОДЛОМЛКА ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „КУМАНОВСКА КАФЕАНА“ ОД  ДИМИТАР МАСЕВСКИ – „КОРЕНИ БР.50”)

    БОРДЕЛИ ВО КУМАНОВО ПРЕД ВОЈНАТА

    Иако во сочуваната архивска документација ништо не среќаваме за егзистирање на јавните куќи или популарните бордели во кафеаните или хотелите во Куманово, сепак дојдовме до сознание дека во неколку угостителски објекти се вршела и оваа дејност. Нашите информации зборуваат дека во Куманово, некои угостителски објекти, меѓу другото биле и бордели. Тоа била кафеаната „Марс“ на Боривије Поповиќ, на ул. Никола Спасиќ бр.9, потоа кафеаната „Цвеќе“ (Л’кчова кафеана) на ул. „Земунска “ на Петко Марковиќ-58, хотелот „Скопје“ на Ѓорѓе Кузмановиќ и Бајрам Аџековиќ на ул.” Земунска,” кафеаната „Нови Сад“ на улицата „Цар Душан“ бр.6, на Вуксан Михаиловиќ.

    Просториите за анимир дамите биле или на кат или пак во задниот дел од локалот каде што влезот бил одвоен од влезот во кафеаната, како што тоа било случајот со кафеаната „Цвеќе“.Оваа кафеана , а воедно и бордел пред Војната е поврзана со една многу значајна личност од сферата на журналистиката, публицистиката, културното творештво и боемштината на Белград, чие потекло е од Куманово..Се работи за Слободан Марковиќ познатиот Либеро Маркониќ чиј татко , Димитар Марковиќ, тогашен официр во кралската војска бил всушсност син на сопственикот на споменатата кафеана „Цвеќе“ и борделот, Петко Марковиќ. Познатиот „боемски кнез од Чубура“, инаку роден 1928 година во Скопје, а починат 1991 година , многу често доаѓал во куќата на својот татко и дедо ,односно кај своите братучеди.во Куманово.

    При ова треба да се напомене дека улицата „Земунска“ во почетокот на четвртата деценија на минатиот век го менува името во ул. „Никола Спасиќ“, по се изгледа поради изградбата на првата кумановска Градска болница од задолжбината на белградскиот трговец Никола Спасиќ.

    Но да се вратиме на нашата тема. Одредени извори посочуваат дека и хотелот „Гранд“ на улицата „Поенкарова“ („Ленинова“) во втората деценија на минатиот век, имал пред влезот „Црвени фењери“ симбол на борделот, и многу интересни настани, уште повеќе што Куманово сепак било мало место и за градот било занимливо кои градски луѓе биле гости на овој локал.

    Сепак борделите своите гости ги имало најмногу од луѓе кои во градот доаѓале од страна, по работа, а во Куманово бил стациониран 22 пешадиски пук, чии луге биле потенцијални муштерии на борделите. Од искажување на некои постари кумановци и хотелот и кафеаната „Брегалница“ , меѓу другото биле и бордел. Објектот имал пет соби , со дами за разонода кои биле облечени во долги светликави фустани, пушеле лули и често седеле на масите пред кафеаната Овој објект бил изграден за време владеење на Османлиите и во него живеело многубројно турско семејство, кое по заминувањето во Турција ја продало и во 1919 година објектот го среќаваме како кафеана на Тома Стојановиќ. Со истиот објект стопанисувал Љубомир Станковиќ и Милан Поповиќ се додека некаде пред Втората светска војна го купил Башинослецот Темелко Петковски, ја трансформирал во семејна куќа , за да подоцна во приземјето неговиот син Страшко Коцевски почнал со производство на слаткарски производи, при што, посебно биле познати неговите бомбони и прочуениот локум.

    Интересно е дека во фондот „Угостителска комора на Кумановска и Кратовска околија 1919-1948 година“ не среќаваме конкретни податоци за овие бордели, нивната легалност и начин на работа. Единствено се напоменува дека кафеаните, преку ден, не можат да имаат музика и „женскиње“, додека за вечерните часови, треба да имаат посебно одобрение од полициските органи во градот.

    Кажуваат постарите кумановци дека дамите од борделите, на одреден временски интервал, со пајтон биле носени на преглед кај лекар...

    Од еден извештај по Војната во делот на ангажирањето на бугарската окупаторска власт за угостителството, се нагласува дека освен што ги укинаа „јавните кафеани“ сето друго остана исто, како и пред тоа.

    Инаку веднаш по Војната при затворањето на приватните кафеани во Куманово 1948 година беше нагласено дека тие се затвораат поради нехигиена и цветање на проституцијата во кафеаните, што на некој начин укажува на егзистирање на најстариот занает во некои од нив, како инерција од претходните системи.