×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Доктори на науки од Куманово и кумановско

    04.06.2022 09:45 | KumanovoNews

    Покрај многуте со завршен еден или два факултета, од Куманово и Кумановско има доста доктори на науки од разни области, а тие биле или се доценти, вонредни или редовни професори (некои декани или продекани) на факултети или академии во Скопје, Битола, Охрид, Штип, во Белград, Загреб и во други места.

    Доктори на науки од Куманово и кумановско

    Според последниот попис кој беше спроведен минатата година од страна на Државниот завод за статистика, во општина Куманово има 112 доктори на науки и 966 магистри. Со завршено високо образование има дури 11. 722 лица, а пак со завршено средно образование има 38. 626. Со завршено само основно образовани има 22. 073.

    Во оваа прилика, сакам да споделам податоци за докторите на науки кои потекнуваат од Куманово и кумановскот крај. Податоците во продолжението се однесуваат за 2001 година, со исколучок на последните два податока. Состојбата од тогаша наваму, секако видно е изменета. Некои доктори на науку се починати, некои се пензионирани, некои се со други звања и т.н.

    1. Проф. д-р Александар ДИМИЌ – Паланчански (роден 1912), доктор по земјоделски науки, докторирал во Перуѓа, 1937 (Италија). Бил професор во Каракас (Венецуела);

    2. Проф. д-р Драган ДЕНКОВИЌ (роден 1919), универзитетски професор во пензија, во Белград;

    3. Проф. д-р Бора ЧУМЛИЕВСКИ (роден 1919), доктор по земјоделски науки, професор во Прага;

    4. Проф. д-р Јордан МИЛАДИНОВ (роден 1922), прв доктор по технички науки во Македонија, докторирал во 1955 г., редовен професор на Градежниот факултет во Скопје;

    5. Проф. д-р Драги МИЛАДИНОВ (роден 1928), редовен професор на Градежно-архитектонски факултет во Скопје;

    6. Проф. д-р Живко МАДЕВСКИ (роден 1929), докторирал 1972 г., професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје;

    7. Д-р Славко ДИМЕВСКИ, доктор на историски науки, докторирал 1962 година;

    8. Д-р Огненка ПОПОВА – СТАНКОВИЌ (родена 1926), доктор на економски науки;

    9. Проф. д-р Борислав КАРАЏИНСКИ (роден 1928), професор на Медицинскиот факултет во Скопје;

    10. Проф. д-р Милан АРСОВСКИ (роден 1928), редовен професор на Техничкиот факултет – Сообраќаен отсек во Битола;

    11. Проф. д-р Воислав КОСТОВСКИ (роден 1931), хирург, професор на Медицинскиот факултет во Скопје;

    12. Проф. д-р Душко ЗЛАТКОВСКИ (роден 1931), редовен професор на Градежниот факултет во Скопје;

    13. Проф. д-р Владимир СТАНКОВСКИ (роден 1931), редовен професор на Металуршкиот факултет во Скопје;

    14. Проф. д-р Стојанчо СТОЈМАНОВСКИ (роден во Винце), редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје;

    15. Проф. д-р Столе АЛЕКСИЕВСКИ, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје;

    16. Проф. д-р Момчило ЛАЗАРЕВСКИ (роден 1934 г., по потекло од Четирце), редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје (Гинекологија и акушерство). Тој е научник со светски глас од областа на гинекологијата и акушерството;

    17. Проф. д-р Бранка ГЕОРГИЕВСКА (родена 1933), редовен професор на Медецинскиот факултет во Скопје;

    18. Проф. д-р Стојан ЈАКИМОВСКИ (роден 1935 г., во Дејловце), редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, Радиологија;

    19. Д-р Трајан ПЕТКОВСКИ (роден во Романовце), доктор по биолошки науки;

    20. Проф. д-р Борко АНДОНОВИЌ (роден 1935 г., во Никуљане), докторирал 1986, редовен професор на Техничкиот факултет во Битола;

    21. Проф. д-р Бранислав ДАШТЕВСКИ (роден 1935), доктор по стоматолошки науки, редовен професор на Стоматолошки факултет во Скопје. Во 1999-2000 г. беше директор на Медицинскиот центар во Куманово;

    22. Примариус д-р Зоран АТАНАСОВСКИ, доктор по стоматолошки науки, специјалист по орална хирургија. Осум години беше директор на Медицинскиот центар во Куманово;

    23. Проф. д-р Александар СТОЈАНОВСКИ, доктор по историски науки, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје;

    24. Проф. д-р Станоил СТАНОЕВСКИ (роден во Стрезовце, 1936), доктор по економски науки, редовен професор на Економскиот факултет во Скопје;

    25. Примариус д-р Свето СТОЈАНОВ (роден во Крива Паланка), доктор по медицински науки;

    26. Проф. д-р Сефедин СУЛЕЈМАНИ (роден во Алашевце, 1936), доктор по филозофски науки, декан на Педагошкиот факултет во Скопје;

    27. Д-р Аслан СЕЛМАНИ (роден во Лојане), доктор по географски науки. Беше министер за наука во Владата на Бранко ЦРВЕНКОВСКИ;

    28. Проф д-р Милутин ПЕТКОВСКИ (роден во Кокино, 1936), доктор по технички и економски науки, редовен професор во Загреб;

    29. Проф. д-р Борислав ДОЦЕВСКИ (роден 1938), доктор по медицински науки, хирург, специјалист по општа и дигестивна хирургија, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје;

    30. Проф. д-р Ѓорѓе МАРЈАНОВИЌ (роден 1939), доктор по правни науки, редовен професор на Правниот факултет во Скопје, Кривично право;

    31. Д-р Милјанка МИШКОВСКА – КАЕВСКА (родена 1939), доктор по економски науки;

    32. Проф. д-р Љубиша ПЕТРУШЕВСКИ (роден 1939), редовен професор по обоа на Музичката академија во Белград;

    33. Д-р Среќко ТЕОДОСИЕВСКИ (роден 1940), професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје;

    34. Д-р Боривое ЏИМРЕВСКИ (роден 1940), работи во Институтот за фолклор во Скопје;

    35. Д-р Мирко МАКРЕШАНСКИ (роден во Орашец), доктор по екологија (заштита на човековата средина);

    36. Проф. д-р Александар АНАСТАСОВСКИ (роден 1942), доктор по физичка култура, редовен професор на Факултетот за физичка култура во Скопје;

    37. Проф. д-р Симеон ГЕЛЕВСКИ (роден 1942), доктор по правни науки, редовен професор на Правниот факултет во Скопје, претседател на Врховниот суд на РМ (2000 - .....). Бил и декан на Правниот факултет во Скопје. Магистрирал и докторирал во Белград;

    38. Проф. д-р Ѓорѓи ЃОРЃЕВСКИ – Чунгур (роден 1945), доктор по земјоделски науки од областа на аграрната економија, редовен професор на Земјоделскиот факултет во Скопје (Економика на земјоделството и Основи на задругарството);

    39. Д-р Душко ТОДОРОВСКИ (роден во Стрезовце, 1945), доктор по физичка култура

    40. Проф. д-р Коле ЈОВАНОВСКИ (роден во Степанце, 1945), доктор по филозофија, вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје (Социологија);

    41. Проф. д-р Стојка БОЈКОВСКА (родена во Руѓинце, 1947), вонреден професор на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје;

    42. Д-р Симо МЛАДЕНОВСКИ (роден во Враготурце, 1947), доктор по историски науки, работи во Инситутот за национална историја во Скопје;

    43. Проф. д-р Ѓорѓи МЛАДЕНОВСКИ (роден во Враготурце, 1947), доктор по социолошки науки, вонреден професор на Филозофскиот факултет, Институт за социологија во Скопје;

    44. Проф. д-р Живко ЦВЕТКОВСКИ (роден во Дејловце, 1948), редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје;

    45. Проф. д-р Јорде ЈАКИМОВСКИ (роден во Длабочица, 1950), доктор по земјоделски науки. Беше директор на Институтот за политички, правни и социолошки истражувања во Скопје;

    46. Проф. д-р Борко ИЛИЕВСКИ (роден 1951), доктор по математички науки, вонреден професор по математика на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје;

    47. Д-р Марјан ДИМИТРИЕВСКИ (роден во Стрезовце, 1954), доктор по историски науки, работи во Институтот за национална историја како виш научен соработник (со звањето вонреден професор) во Скопје;

    48. Д-р Миле Ј. СТАНКОВСКИ (роден во Клечовце, 1954), доктор по автоматика и системско инженерство, носител на научно-истражувачкиот проект „Интеграциони дворамнишни управувачки системи во децентрализирано управување за меѓународни објектни системи“ (1998-2000);

    49. Проф. д-р Стоимко ЗЛАТКОВСКИ (потекнува од Бајловце, 1955) доктор на технички науки, вонреден професор на Техничкиот факултет во Битола;

    50. Проф. д-р Љупчо ДИМИТРИЕВСКИ (роден 1959), доктор на градежни (технички) науки, вонреден професор на Градежниот факултет во Скопје (Геомеханика);

    51. Д-р Благоја АНДОНОВСКИ (роден 1963 г., по потекло од Четирце), доктор на хемиски науки. Работи на Природно-математичкиот факултет, Катедра Хемија .....;

    52. Д-р Драган ЃОШЕВСКИ (роден 1966), доктор по земјоделски науки, вонреден професор на Земјоделскиот факултет во Скопје;

    53. Проф. д-р Ивица МИЛЕВСКИ (роден 1972 г.), доктор по географски науки, редовен професор на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје;

    54. Проф. д-р Иван АНАСТАСОВСКИ (роден 1973 г.), редовен професор на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје и други...

    Со претходните изнесени податоци, сметам дека скромно допринесов за запознавањето на докторите на науки од Куманово и кумановскот крај.

    Извор:

    С. Николовски - Стојановиќ – Школството во Куманово и кумановско 1805 – 2000, Графотекс, Куманово, јануари 2001.

    Државен завод за статистика

    Подготвил: Филип Ѓошевски, дипломиран географ

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk