×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалници

    28.10.2013 12:37 | KumanovoNews

    За првите луѓе на Куманово многупати сме констатирале дека по заминување од функцијата остануваат во колективната меморија на Куманово и на граѓаните најчесто по нивните дела, а не толку по политичката ориентација, по тоа дали биле добри или лоши, блиски до народот или скриени во своите кабинети...

    Градоначалници

    Кога сме кај делата и тие знаат да бидат релативни, апропо периодот во кој управуваат или сосотојбите во градот. Во овој случај сакаме да споменеме за успешноста во релативно стабилни времиња, иако во два политички системи, поточно, еднопартискиот социјалистички период, кога на власт беше една партија и дведеценискиот повќепартиски систем кога работите се суштински изменети. Но, ќе мора да признаете дека независно за кое време се работи, во паметењето на градот останале оние кои лично повеќе се посветиле на градоначалничката функција. Во периодот по Втората светска војна, на челната функција во Куманово продефилирале 23 претседатали или градоначалници на Општината. Сите луѓе со интегритет, сите желни за работа и успех, но сепак со различни резулати заминувале од функцијата. Ние споменавме дека секој период не е идентичен за остварување на градоначалничките функции, односно резултати, да речеме во комуналната изградба на градот и неговото урбано профилирање. Но, сепак тоа во многу зависело и од нивната волја, личниот афинитет и капацитет. Во едно интервју актуелниот градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски, на кој граѓаните годинава по трет пат му ја доверија оваа функција, верувајќи дека со своите дела ќе ги надмине сите досегашни први луѓе, истакна дека за оваа должност која денес во суштина е повеќе менаџерска, е потребна психо-физички здрава личност, со голема енергија и познавање на нештата, за да ги разрешува многубројните потешкотии со кои се судираат општините. Тоа е недвосмислено точно. Во претходниот систем идеолошката матрица на поединецот беше многу битна за неговата мотивација за успешно истрчување на мандатот. Денес во ситуација кога речиси во сите сегменти се напушти идеологијата, кога партиите лутаат во својата одредница така што левите често ги гледаме во крајната десница, а пак конзервативните и десните партии во своето владеење ползуваат комунистички и популистички методи и алатки, мотивот за интензивен и полн ангажан на еден градоначалник е во непосредната релација со неговата личност, со неговото воспитување и поимање на функцијата – како чест, дадена од партијата и граѓаните или како „средство„ за личен и партиски материјален бенефит. И ова е индивидиално, независно од „насоките“ во кои би оделе од центрите на моќ. Впрочем таков е и системот, капиталистички, во кој поединцот во најголем број на случаеви е и главен и основен креатор на работите.

    Инаку од дваесет и двајцата први луѓе на Куманово (мандатот на актуелниот граданачалник се уште трае) во изминатите 67 години, по постигнатите резултати и делата, кон своето Куманово, најмногу има припишано 13-тиот претседател на општината - Методи Петровски, кој на функцијата се задржа два мандати од 1974 до 1982 година. Само мало споменување на истите: пробивање на Булеварот „Трета МУБ„ и улицата „Гоце Делчев„ со решавање на суводолината Серава, урбанизирање и оформување на населбата „Гоце Делчев“, како и урбанизација на населбата „Зелен Рид“ и Железничка станица, изградба на Спортската сала, изградба на Олимпискиот базен во Проевце со општински средства и со средства на Републиката, целосна изградба на Домот на културата „Трајко Прокопиев“, повеќе сообраќајници и други комунални работи. За претседателот на Општината, а подоцна и Претседателот на Претседателството на РМ, Ездимир Богдански, кој околу шест години ја водеше Општината,(1963-69) се врзува модерното решение на Градскиот плоштад во Куманово во почетокот на шестата деценија на минатиот век, за Момчило Јовановски, а посебно за тогашниот претседател на Извршниот одбор на Општината Јанчо Јанчевски,  реконструирањето на зградата на Занаетчискиот дом и Општинската зграда, како значајни амбиентални објекти на Куманово и нивната заштита за идните генерации ...Во здравствениот сектор значајно влијание имаат претседателите Блашко Јаневски и Драги Јовановски Дедо, во чие време се изгради новата зграда на кумановската Болница и Заводот за здравствена заштита со амбуланите.. За оние пак од педесеттите години значајни беа водоводната и канализациската мрежа и други комунални решенија, за другите пак непосреден ангажман во развој на некој индустриски објект, формирање или отворање на некоја значајна културна установа, посебни резултати на полето на спортот ... Всушност иако сите споменати работи ги водеа и реализираа стручни луѓе и специјализирани колективи улогата на првите луѓе на општината и пред се, нивната волја и подршка беа од мошне големо значење. Впрочем како што тоа е и денес, како што било отсекогаш. На пример во Кралството Југославија, во времето кога претседател на општина Куманово бил Ќира Маневиќ апсолвент на право, од 1929 до 1935 година во Куманово се изградени најмногу јавни објекти: две административни згради, едната за потреби на Околијата - 1931година и другата за потреби на Општината 1932/33година, потоа зградата на Соколскиот дом 1931 година, зградата на првата Градска болница 1934/35 година.

    Кога се работи за највпечатливите први луѓе на Околијата Кумановска (постоела од 1944-1965), тука неприкосновена е личноста на Салтир Путински, кој е нејзин претседател од 1951 до 1961 година и за него се врзуваа повеќе добра, од водоснабдувањето со изградба на Липковската брана и хидро системот, железничката пруга Куманово – Бељаковце, индустријализацијата на градот, развој на рударството и земјоделието во Околијата...

    Денес, кога го пишувавв овој текст прочитав дека на запад рејтингот на првите луѓе на државите или пак градовите им се мерел и по завршување на мандатот, што е сосема во ред, ако се земе во предвид и она неопходна временска дистанца за валоризирање на нештата. Кај нас сите поранешни функционери се обично само „бивши“ и многу ретко некој собира искуство или го користи нивниот ангажман и знаење.

    Само ние хроничарите на градот во одредени мигови или по некој повод ќе ги споменеме овие луѓе, ќе нафрлиме по некоја нивна добра особина и дело за да сето тоа биде повторно вратено во историјата, чекајќи некоја нова прилика за навраќање.

    Уредник на списанието Корени