Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Рускиот инженер ВЛАДИМИР АПОЛОНОВИЧ АНТОНОВ (1882-1946 година)
За разлика од денес или пак повеќе години наназад, кога Куманово воопшто не е привлечно место за населување, во почетокот на 20 век состојбите се сосема поинакви, во градот се сливаат дојденци од сите страни, Власи, Башиниоселци, Руси Белогардејци, Пироќанци и други кои заедно со кумановчаните го градат оној познат идентитет на градот кој беше препознатлив и го красеше долго време низ годините на изминатиот век. За жал тоа миље на градот полека се трансформира, се менува нештата добиваат дури и несакани последици…
Но, тоа е некоја друга тема, а ние би се задржале на еден човек кој со својата вештина и словенска широчина даде виден придонес градот во тие први децении на 20 век ги добие контурите кои и денес се препиознаваат. Ова е куса сторија за рускиот инженер Владимир Аполонович Антонов, еден од петте НАЈ КУМНОВЦИ на 20 век.
Во времињата изминати, посебно во почетокот на 20 век, Куманово имало среќа со дојденците , бидејќи добар дел од нив дале придонес за неговиот севкупен растеж и вбројување на градот во редот на поразвиените македонски урбани средини. Меѓу многуте дојденци во Куманово, свое заслужно место има рускиот инженер Владимир Антонов. Во кратки црти би рекле дека тоа е човекот кој во практика го спроведе првиот Регулационен план на градот Куманово, инаку изготвен од чешкиот инженер Душан Миросавqевиќ од Белград во 1923 година и за релативно кус, петнаесетгодишен период ги создаде најубавите архитектонски неокласини зданија во Куманово , кои и ден денес го разубавуваат градот.
А инженер Владимир Антонов е роден 1882 година во градот Тамбов, во Русија, кого октомвриските револуционерни настани од 1917 година во Русија, го доведоа во Куманово. Како припадник на “белите”, зет на руски царски генерал Николај Подгорецки, Владимир Антонов напуштајќи ја росдната Русија, доаѓа во Куманово во почетокот на втората деценија на ХХ век , кога и на овие простори , по Балканските и Првата светска војна, се случуваа бурни настани настани. Пред него во градот беа дојдени дедо му Николај со ќерките: Варвара, сопругата на Владимир Антонов и сестра И Евгенија Подгорецки. Во бракот со Варвара тој има три сина Николај, Серјожа и Пупа. Од сочуваната документација може да се види дека Владимир Антонов завршува државна реална гимназија во Тамбов 1900 година , а подоцна и висока школа за архитектура.
Во Куманово во 1925 година бил примен на конкурсот за општински инженер, од кога започнува неговата интензивна активност во овој град. ...
Заедно со син му Николај ( загинува 1936 година на воена вежба) кој арехитектура завршил во Белград, а под негово раководство работат на изготвање проекти, како и на спроведување на првиот Регулациониот план на градот Куманово, односно изградба на: Занаетчискиот дом во 1930 година, на Општинската зграда 1932 /33 година; покривната конструкција на Соколскиот дом ( проектот за Соколана е на белградскиот инж.арх.Момир Коруновиќ), Хотелот Куманово и низата приватни стамбени и деловни објекти на денешната улица “11 Октомври, Долниот градски парк, семејните домови на Тома Глигоријевиќ, на Хаxипоповиќи, Xитеви , на Сифрид Миладинов, на Васа Поповиќ, Манушеви, Таскови и многу други.
Освен стручната компетентност Владимир Антонов бил образован човек , по природа бил човек со весела прирада, секогаш боемски расположен, така што стекнал многу пријатели во Куманово, а како претседател на Противпожарното друштво постојано организирал разни забави и дружења.
За време на бугарската фашистичка окупација беше депортиран од Куманово И заминуива во Бања Лука каде постоеше голема руска колонија , за во 1944 година да биде прибран од неговата снаа во Нови Сад, а по Војната доаѓа во Куманово.
Почина во првите години по ослободувањето на Куманово. и е закопан на Градските гробишта во Куманово. За жал, поради односот наш и неговата политичка провениенција, на овој значаен човек за нашиот град не му се знае гробот иако остави траен белег и се вгради во битието на градот. Заради сето она што го даде за градот, пред се бројните објекти на неоклсицизмот кои отсконуваат од анадолскиот тип на семејни куќи со кои располага Куманово беше вброен во петте нај Кумановци на 20 век.