Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сто и кусур години непречено сме се пребројувале и оставиле записи за состојбите
Познато е дека демографската структура на населението е значаен показател на динамиката за развој на популацијата, односно важен елемент за развиток на одделни предели. Природно географските одлики овозможиле Кумановскиот крај да биде населен уште во предисториско време, за што сведочат повеќе наоѓалишта од тој период.
Доаѓањето на Словените во VI век на Балканот и во овие краишта, дадоа основен белег на составот на населението, а пак навлегувањето на Турците во XIV век и нивното петвековно задржување, имало свој одраз на структурата на населението. Посебно во делот на исламизација на христијанското население, односно населување на испразнетите македонски простори со исламско население од други поднебја. Оттука и повеќеслојниот етнички колорит во Кумановскиот крај, кој главно се формира кон крајот на XIX. По сочуваните пописи на населението од 1900 година во Куманово и Кумановско се регистрираат: Македонци, Срби, Албанци, Турци, Роми, Татари, Черкези, Грци, Евреи... По Српско -турските војни од 1876/78 година во Куманово доселуваат околу 3.000 дојденци од српските простори, т.н. Муаџири, што имало силно влијание врз етничката структура на населението во градот, односно неговиот севкупен растеж и развој. Расположивата статистичка евиденција овозможува поконкретно следење на населението во Кумановскиот крај од 1900 година до денес. Од турскиот период ориентационо, бројот на жителите во Кумановската каза го следиме по опширните турски пописни дефтери, главно запишаните машки даночни обврзници. По овие дефтери, Куманово во 1519 година броело 52 семејства, од кои 33 христијански и 19 муслимански. Во 1573 година дефтерите упатуваа дека во населеното место Куманово живеат вкупно 73 семејства, од кои 21 христијански и 52 муслимански. Во XVII и XVIII век историската наука располага со многу скудни податоци за бројот на населението во Куманово и Кумановско. Во секој случај Куманово , по Карпошовото востание од 1689 година доживува стагнација во својот развој. Во почетокот на XIX век податоци за бројот на населението дознаваме од записите на патеписците. Од повеќето записи што се однесуваат на оваа столетие, може да се заклучи дека Куманово на почетокот на векот броело околу 2000 жители, додека на крајот на векот 14.350 жители.
Куманово во 1931 година
Најновите истражувања во Истамбулските архиви ни ја даваат состојбата во средината на XIX век. Така по теметуат дефтерите од 1844/45 година во Куманово, запишано како касаба во административен поглед, во состав на Скопскиот ејалет, биле регистрарани 472 семејства или во градот живееле вкупно 2.360 жители. Од нив 240 семејства или 1200 жители биле муслимански и живееле во Мехмедбегово маало и Орта бунар маало, додека 232 семејства или 1160 жители биле со христијанска вероисповест и живееле во Горно и Долно Варош маало.
Во нуфус дефтерот од 1850/51 година состојбата со бројот на населението во Куманово се менуава во полза на христијанското население. Според овој дефтер во Куманово во оваа година имало вкупно 350 христијански семејства или 1750 жители. Во однос на 1844/45 година се бележи голем прираст на христијанско население, односно 590 нови христијански жители. Кон споменатите христијански и муслимански семејства во средината на XIX век, во „самата касаба Куманово“ биле регистрирани и 41 циганско семејство од кои 23 биле муслимански, а 19 христијански, односно 205 жители Цигани.
За состојбите со населението од 1900 година па наваму, до денес, детално зборуваат табелите поместени во продолжение на текстот. Во дел од табелите се податоци од официјалните пописи на Кралството Југославија (1921 и 1931 година), дел од статистиката на познатиот бугарски етнограф Васил К'нчев (1900 година), дел се податоци од бугарската окупаторска документација (1941 година), а податоците по Втората светска војна се официјални пописи на населението на македонската држава.
1990 | Македонски христијани | Македонски муслимани | Турци | Черкези | Албанци | Власи | Евреи | Роми | Вкупно |
7700 | 5800 | 600 | 50 | 30 | 350 | 14530 |
1921 | христијани-православци | христијани-католици | муслимани |
9300 | 23 | 4077 |
1921 | срп.хрв.мак | туриски | албански | цинцарски | други-непознати | вкупно |
9165 | 2916 | 641 | 50 | 600 | 14372 |
1931 | христијани-православци | христијани-католици | евангелисти | ислам | други | вкупно |
12499 | 151 | 12 | 4300 | 12 | 16684 |
1931 | срп.хрв.мак | ост.сло.јазици | унхгарски | германски | албански | останати | вкупно |
12589 | 50 | 18 | 21 | 1128 | 3128 | 16984 |
1941 | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Срби | Власи | Грци | Евреи | Хрвати | Вкупно |
15718 | 3590 | 500 | 1200 | 50 | 102 | 22 | 8 | 12190 |
Куманово во седумдесетите години на 20.век
*Во статистиката на К’нчев од 1900 година, Македонците се регистрирани како Бугари, Албанците како Арнаути, Власите како Цинцари, а истото, со Македонците се случува И во неофицијалниот попис на бугарскиот фаШисти;ки окупатор од 1941 година.
*Нашава табела за состојбите на населението во градот Куманово по вероисповест и мајчин јазик за 1921 година е изготвена врз податоците кои ни ги дава Л.Соколов,односно на „саараевското издание од 1932 г. на „Дефинитивни резултати пописа становништва од 31 јануара 1931 године“, по кој бројот на жителите на Куманово во 1921 година изнесуава 13.372.
година | Македонци | Албанци | Срби | Турци | Роми | останати | Вкупно |
1953 | 14351 | 951 | 179 | 3858 | 1861 | 3226 | 23939 |
1961 | 20323 | 1893 | 3759 | 2512 | ? | 3226 | 30762 |
1971 | 28789 | 7827 | 3759 | 1791 | 3013 | 1184 | 46363 |
1981 | 36812 | 12997 | 4252 | 936 | 4415 | 1430 | 60842 |
1994 | 40634 | 15612 | 5097 | 241 | 2987 | 441+85 | 65233 |
2002 | 42840 | 18277 | 4727 | 256 | 4042 | 704 | 70842 |
Според пописот од 2002 гподина Куманово со 70.842 жители е втор град по големиана во РМ, додека опшшината Куманово, со 103.205 жители е најголемља општина во земјата.