×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • АК Куманово доминираше на Државното пионерско првенство

    27.05.2015 16:19 | KumanovoNews

    Младите атлетичари на атлетскиот клуб Куманово доминираа на изминатото Државно првенство во пионерска конкуренција.

    АК Куманово доминираше на Државното пионерско првенство

    Тие освоија најголем број на медали во историјата на оваа натпреварување.

    Милан Вељковиќ освои две први места на 100 метри и на 300 метри со резултат 11.82 секунди, односно 37.92 секунди. Во иста конкуренција Марио Антоновски освои сребрени медали со свои 2 лични рекорда 12.53 и 39.84 сек.

    Третиот медал овие двајца членови на АК Куманово го освоија во штафетата 4х100 метри, а лошите измени ги чинеа атлетичарите нов рекорд во пионерска конкуренција кој им „избега“ за 33 стотинки.

    Во женска конкуренција Сања Тимчевска освои злато на 100 метри, и штафетата 4х100 метри. На 300 метри повторно беше најдобра кумановката Анеса Ајдари која ја однесе победата со резултат 43.69 секунди.

    Во скокачките дисциплини повторно Куманово зеде поголем број од медалите. Злато освоија Сања Тимчевска во скок во далечина, Бесијана Мустафа во скок во виосчина, а Ана Марија Петровска во фрлање диск и ѓуле.

    Со тоа Куманово освои вкупно 12 златни медали и 2 сребрени, со што потврдува дека се наоѓа во врвот на македонската атлетика.