Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Минатата недела се одржа Државното првенство во фрлачки дициплини, каде што атлетскиот клуб Куманово имаше три претставника и се врати со четири медаљи.
Овој натпревар беше одржан во Охрид, на стадионот Биљанини извори, каде што од за АК Куманово настапија Марјан Нојковски, Дарко Петковски, Никола Зарковски.
Марјан Нојковски освои злато во фрлање на ѓуле и сребро во фрлање на диск, додека Дарко Петковски освои бронзени медали во фрлање на кобје и фрлање на ѓуле. Овие медали се доказ за успешната работа на атлетскиот клуб.
Оваа сабота во Куманово ќе се одржи и државното првенство во 4-бој. Еден натпреварувач ќе се натпреварува во 4 дисциплини и тоа скок во место, трчање 60 метри, фрлање ѓуле и трчање 800 метри. Застапени се следниве категории: сениори, пионери и рекреативци. Во сите категории ќе има натпревар во машка и женска конкуренција. Оваа дисциплина по подолго време се враќа на атлетската сцена во Македонија