Американците први финалисти на Мундобаскетот
12.09.2014 07:01
| KumanovoNews
По вчерашната победа репрезентацијата на Америка е првиот финалист на CП во Шпанија.

Вчера во Барселона ја совладаа репрезентацијата на Литванија со 96-68.
Онаа што можеа да го дадат Литванците од себе беше исклучиво достоен отпор во првото полувреме, но веќе во третата четвртина попуштија силите и американците направија серија од 10-0 која веќе беше недостижна.
Во екипата на САД најефикасен беше Кајри Ирвинг со 18 поени, додека кај литванците Кузминскас со вкупно 15 постигнати поени.
Вечерва со главниот град Мадрид силите ќе ги одмерат репрезентациите на Србија и Франција.