Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ана Ивановиќ со ден задоцнување обезбеди пласман во второто коло на Вимблдон, бидејќи на стартот на третиот гренд слем во сезоната ја победи Хозе Марија Мартинез Санчез.
Мечот помеѓу српската и шпанската тенисерка беше на програмата вчера, но поради лошото време и згуснатиот распоред, беше померен за денеска.
На Ана очигледно и годеше неочекуваниот одмор, бидејќи на стартот на мечот стекна предност од 2:0. Губење на следните два сервис гема ја чинеа српската тенисерка предност (3:3), иако имаше неколку шанси за брејк. Сепак, изненадувањето беше само привремено, Ивановиќ направи серија од три последователни гема и поведе со 1:0 во сетови - 6:3.
Ситуацијата на теренот се смени во корист на шпанската тенисерка која поведе со 2:0, против Ана.
Ивановиќ имаше сервис за изедначување при резултат 3:2, но не успеа да се врати во игра (3:6) поради што немаше брејкови се додека Ана не се врати во форма и по резултат од 2:2 поведе со 5:2.
Мартинез Санчез го намали водството на 5:3, но на крајот Ана обезбеди пласман во второто коло на Вимблдон.
Српската тенисерка во второто коло ќе игра против Катерина Бондаренко од Украина.