Англичаните ја симнуваат „клетвата на белата точка“ вежбајќи пенали пред мечот со Италија
21.06.2012 10:00
| KumanovoNews
Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија Рој Хоџсон, три дена во очи на четвртфиналниот меч на ЕП со Италија, одлучил да го засили вежбањето пенали на тренинзите.

Тренинзите пред мечот со Италијаните се одвиваат во вообичаен ритам, со тоа што го засиливме вежбањето на пенали. Дојдовме во фаза на турнирот кога пеналите мораме да ги сватиме озбилно, бидејќи во митатото ни се има случувано важните мечеви да ги изгубиме од белата точка- рекол Хоџсон.
Исто така тој додае дека „со пеналите никогаш не се знае и дека тие се лотарија“.