×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Атлетскиот клуб Куманово на Државно првенство во Бугарија

    24.01.2020 11:07 | KumanovoNews

    Атлетичарките од Атлетскиот клуб во Куманово, викендов (25 и 26 јануари) ќе учествуваат на Државно првенство по атлетика во Софија, Бугарија.

    Атлетскиот клуб Куманово на Државно првенство во Бугарија

    Боите на клубот ќе ги бранат атлетичарките: Матеја Ефремовска, Марија Дувлис, Мариа Томиќ, Дијана Вукановиќ, Теа Алексовска, а натпреварите ќе се одвиваат во Асикс арена во Софија.

    - Станува збор за многу добро опремена сала со одлични услови, одлична атмосфера. Самото ниво на развојот и квалитет на атлетиката во Бугарија е многу добро, се е на повисоко ниво, натпреварите се одлично организирани, има голема конкуренција, па уште сега се забележува возбудата и адреналиност поради учеството таму. Од нашите поистакнати поединци очекуваме добри резултати. И секако, ќе се потрудиме и оваа година од нашите атлетичари да имаме и репрезентативци, - вели Бранко Колевски, претседателот на Атлетскиот клуб во Куманово.

    Тој додава дека Македонија нема таква атлетска сала, па поради тоа тие заминуваат на тренинзи и натпревари во други земји.

    - Се трудиме да ги исполниме оние квалификациски стандарди за учество во репрезентацијата, а тие норми подоцна служат за учество на балкански првенства, еворпски или светски. Па затоа и бевме девет дена на подготовка во Белград каде што се трениравме во атлетската сала со одлични услови, - објаснува Колевски.

    Атлетичарите ќе продолжат и со тренинзи во Бугарија, неделно по два-три дена , со што нема да ја чекаат сезоната на отворено, туку уште сега ќе влезат во добра форма, за кога ќе почнат натпреварите на отворено да постигнат подобри резултати.