×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Атлетскиот клуб Куманово освои најмногу медали на Зимскиот куп во фрлачки дисциплини

    13.03.2020 12:17 | KumanovoNews

    Ателетичарите на Атлетскиот клуб Куманово, освоиja најголем број на медали на Зимскиот куп во фрлачки дисциплини во Скопје.

    Атлетскиот клуб Куманово освои најмногу медали на Зимскиот куп во фрлачки дисциплини

    Матеја Ефремовска освои две први места, во фрлање ѓуле и фрлање диск, во сениорска категорија. Александра Стојменовска беше трето место во фрлање ѓуле, а од машките Марјан Нојковски беше прв во фрлање ѓуле.

    Во младинска конкуренција Дијана Вукановиќ освои прво место во фрлање ѓуле и трето место во фрлање копје, додека Теа Алексовска беше два пати второ пласирана, на фрлање ѓуле и фрлање диск.

    Филип Колевски, тренер на Атлеткиот клуб Куманово, вели дека e задоволен од резултатите и дека тие со својот клуб  секогаш покажуваат успех во фрлачките дисциплини.

    - За сите фрлачи ова беше прв натпревар после неколку месечна пауза, а исто така е и прв натпревар на отворено за оваа година. Од резултатите сум просечно задоволен, некои можеа да бидат и подобри, но се постигна ефект да бидат блиску до лични резултати. Од оние коишто беа фаворити имаше и освојувања на први места. Како клуб севкупно имавме најголем број на освоени медали,- додава Колевски.

    Иако Клубот од Куманово и оваа година продолжи со доминација на Зимското фрлачко првенство, како најдобар клуб, атлетичарките велат дека во иднина очекуваат уште подобри резултати.