Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бајрам Мамутовски, боксер на БК „Куманово 84“ освои златен медал на Балканското првенство за јуниори и младинци во Романија, откако во финалето го победи Бадеа Драгош од Романија.
„Се исполнија нашите очекувања по толку години во Куманово да се вратиме со златен медал од едно меѓународно натпреварување. Мамутовски беше супериорен во однос на неговиот противник и заслужено го освои медалот“, изјави тренерот Самет Салиевски.
Во својата категорија 48 кг. претходно Мамутовски во полуфиналето го совлада Молдавецот Лон Плинга со 5:0.
Муратовски годинава имаше сребрен медал на меѓународен турнир во Бања Лука, а беше прогласен за најдобар боксер на турнир во Лесковац.