Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановецот Бајрам Мамутовски, репрезентативец и боксер на БК „Куманово 84“ ќе се бори во финалето на Балканското првенство во Романија, откако во полуфинале го победи противникот Плинга Лон од Молдавија со резултат 5:0.
„Ја поминавме првата пречка, сега не чека натпреварот со домаќинот од Романија. Подготвени сме за победа. Мамутовски е фаворит, како во однос на играта што ја покажа досега, така и по физичките предиспозиции и техниката на боксување. Секојдневно тренира и подготвен е за финалната борба, и ако биде се како што треба се надевам дека во Куманово ќе се вратиме со златен медал. После толку години еден млад боксер учествува на Балканското првенство и ги брани боите на Куманово и Македонија“, изјави тренерот Самет Салиевски.
Седумнаесет годишниот Мамутовски е исклучително талентирано момче, и неговиот тренер му предвидува блескава кариера и успех, како што го имаа некогашните кумановски боксери на меѓународните натпреварувања.