Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фудбалскиот клуб Црвена Звезда, за своите навивачи, но и за сите останати граѓани, организира бесплатен превоз и обезбедува билети, за пријателскиот натпревар Црвена Звезда - Зенит од Сант Петербург, кој ќе се одржи на 23 март, во Белград.
„На секое дете до 15 години од Куманово кое е заинтересирано за овој настан ќе му биде обезбеден бесплатен автобуски превоз на релација Куманово-Белград-Куманово и влезница за стадион "Рајко Митиќ" во присуство на полнолетно лице (родител, наставник, професор, спортски работник и сл.), во организација на фудбалскиот клуб Црвена Звезда. Услов е полнолетното лице да води минимум 6 деца, и со тоа се стекнува со можност групата да ја води бесплатно. Куманово уште еднаш докажува дека е црвено-бел град, а фудбалскиот клуб Црвена Звезда дека е најголем клуб на Балканот“, велат организаторите од Куманово.
Бројот на пријави не е ограничен. Лице за контакт за пријавување на натпреварот е Емил Ташевски на тел. 075/260-080 (10:00-18:00).