×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Бисера Паскал потпиша договор со тим од Израел

    24.07.2022 10:27 | Сузана Николиќ

    Голманката Бисера Паскал од Куманово, која досега бранеше за тимот на Тенерифе, од Шпанија, се сели во Израел. 

    Бисера Паскал потпиша договор со тим од Израел

    Таа потпиша едногодишен договор со клубот Бнеи Херзлиуа. Тимот се натпреварува во првата израелска лига, и има високи амбиции сезоната 2022/2023 клубот да ја заврши прв на табелата.

    „Среќна сум и горда што направив ваков избор, одлучив ја продолжам мојата кариера во Израел. Клубот има високи амбиции да се најде на прво место во лигата, фантастична структура, сјајни услови. Среќна сум што ќе бидам дел од овој фантастичен клуб со јасна визија, високи цели и ќе го дадам најдобро од себе да му помогнам на клубот да ги оствари своите соништа и воедно да го претставам мојот град и државата во најдобро светло“, изјави Паскал за Кумановоњуз.

    Бисера Паскал е родена 1996 година во Куманово, и на 16-годишна возраст ја започнала својата кариера на позиција голман во ЖРК Куманово, каде што освои двојна титула, Женската супер лига на Македонија и Купот на Македонија.

    На 19-годишна возраст прави прв интернационален трансфер во Хрватска во прволигашки клуб ЖРК Арена. По една сезона се враќа во националната лига во која 3,5 сезони ги брани боите на ЖРК Металург, со кој освојува второ место во Лигата и второ место во Куп натпреварите, а една година подоцна првата шампионска титула. 

    Потоа се враќа дома каде продолжува да му помага на ЖРК Куманово и со кој ќе освои двојна круна, т.е. Македонското првенство и Македонскиот куп. По освојување на двојна круна следната сезона 2021/2022 Паскал прави втор интернационален трансфер, потпишува договор со шпански прволигашки клуб Салуд Тенерифе. 

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk