Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Селекторот на репрезентацијата на Украина Олег Блохин рекол дека по големата победа на домашниот турнир над селекцијата на Шведска му се испонил сонот, бидејќи пред неколку месеци сонувал дека Андреј Шевченко ќе постигне два гола.
Легендарниот напаѓач на Милан подсети на најдобрите денови матирајќи го голманот на Шведска два пати, што беше доволно за пресврт и победа од 2:1. Блохин по мечот блескаше од среќа.
Андреј не ми веруваше дека сонував како ќе постигне два гола. Мислам дека ние бевме подобар ривал, иако Ибрахимовиќ имаше добра шанса во првото полувреме, а потоа постигна и гол. Сакам да се заблагодарам на тимот што одговори на најдобар начин и постигна два гола.
Во последните минути не игравме баш како што треба зашто притисокот го направи своето. Шведска е одличен и незгоден ривал, но нивниот пристап на игра не беше најдобар, одеа на реми и на тоа што направат преку Ибрахимовиќ- рекол Блохин.
Блохин ги осуди Швеѓаните поради тоа што постигнаа гол додека еден од играчите на Украина лежел на теренот.
Мислам дека тоа не е фер потег, играчот лежеше на трева, а судијата требаше да ја заустави играта- смета легендарниот Украинец.