Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поранешниот кошаркар на Партизан од Белград, Бранислав Џекиќ е нов кошаркар на КК Куманово.
Ѓекиќ игра на позицијата крилен центар и беше еден од кошаркарите со огромен потенцијал во тимот на Душко Вујошевиќ. Тој е играч кој три сезони со белградскиот гигант настапуваше во Евролигата. Со Партизан има освоено три домашни првенства, два Купа и двапати беше шампион на Јадранската лига.
Ова не е прв настап на Ѓекиќ во Македонија. Минатото лето тренираше со екипата на МЗТ Скопје меѓутоа не постгна договор, па кариерата ја продолжи во АБА Струмица каде што имаше забележителни резултати.
Ѓекиќ се вклопува во младиот тим на Михајловски, има 23 години и 207 центиметри.