×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Челзи, се гледаме во финалето!

    24.04.2012 11:25 | KumanovoNews

    Стратегот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо одкако ја порази Барселона на домашен терен, „рецептот“ за победата го открил на фудбалерите на Челзи со порака - „се гледаме во финалето“.

    Челзи, се гледаме во финалето!

    Руи Фариа, еден од асистентите во стручниот штаб на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, и скаутот за противниците на Челзи Стив Холанд се сретнале по што биле откриени сите тактички варијанти кои португалецот ги смислил за да издвојува победа на дербито во Барселона. Покрај тоа, има информација дека Мурињо лично им испратил СМС на сите фудбалери на Челзи на кои и тој им беше менаџер, како Дрогба, Лампард, Тери, Чех, Кол и останатите, во која пишувало:

    Вие можете да го сторите тоа, исто како и ние. Се гледаме во Минхен!

    „Имавме тактички состанок на кој ни беа откриени многу детали од играта на Барселона. Подготвени сме да ги елиминираме. Треба да бидеме цврсти во одбраната, но исто така судијата на вечерашниот меч треба да биде многу поцврст од нас“, изјави Петр Чех.

    Во првиот дуел, Челзи има водство од 1:0 а голот го постигна Дидиер Дрогба.