Четири кумановки во македонскиот ракометен тим против Литванија
18.07.2019 12:10
| KumanovoNews
Јована Кипријановска, Сара Цветановска, Мила Трајковиќ и Тамара Ивановска, ракометарки од Женскиот ракометен клуб „Куманово“, се дел од македонската јуниорска репрезентација, која вечерва во 18 часот ќе игра во третото коло од ЕКФ-Шампионатот, против домаќинот Литванија.

Доколку македонските репрезентативки победат, ќе се пласираат во полуфиналето на Шампионатот.
Во второто коло нашите млади репрезентативки изгубија од репрезентација на Швајцарија со резултат 34-22.