Четири медали за кумановските боксери
Четири медали освоија боксерите од боксерскиот клуб „Куманово“, кои викендов учествуваа на Државното превенство во бокс во Скопје.

Сребрени медали освоија Лука Филиповиќ, Аксел Салиевски и Серхан Исмаиловски, а бронзена медала Ведат Исмаиловски. Од Куманово на Државното првенство учествуваa 8 боксери.
„ Јас сум горд и многу задоволен од сите боксери, бидејќи сите го дадоа својот максимум. Ние сме нов клуб, кој постои само една година и направиваме нешто што сеуште не е направено во Македонија. Очекувам дека оваа млада генерација за 2-3 години ќе освојува европски и светски медали“, - изјави Самет Салиевски, од управата на клубот.
Според претседателот, двајца млади боксери биле оштетени од судиите и делегатот, поради што не се пласирале на повисоките места на првенството.