×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Далас и Мајами ја започнуваат борбата за НБА тронот

    31.05.2011 13:01 | KumanovoNews

    Вечерва во 3:00 по полноќ, започнува големото финале во НБА лигата, помеѓу Мајами и Далас.

    Далас и Мајами ја започнуваат борбата за НБА тронот

    Само 5 играчи знаат како е да се биде дел од финалната серија Далас - Мајами. Новицки, Тери и Бареа се играчите кои кај Далас го играа големото финале, додека Вејд и Хаслем ќе се обидат да ги пренесат искуствата како се освојува титула против Далас.

    Финалето 2006 година Далас поведе со 2-0 во победи, но тоа не беше доволно за трофеј, ниту водството од 13 поени на шест минути до крајот на третиот натпревар. Мајами од тој натпревар успеа да се врати во серијата и забележи 4 победи во низа и да ја освои единствената титула во 23 годишната историја.

    Во оваа формирање на тимот, покрај Вејд во Мајами стигнаа Леброн Џејмс и Крис Бош и ја оформија големата тројка. Со придодавање на уште неколку ветерани во тимот кои со своето искуство ќе се обидат да придонесат во освојување на нова титула.

    Легендарниот Дирк Новицки е лидер на екипата на Мавси, во чии редови е еден од најдобрите организатори на игра во лигата - Џејсон Кид. Тимот го комлетираат Тери, Стојаковиќ, Мерион играчи кои имале шанса да освојат трофејот Лери О'Брајант.

    Еве ги актерите кои ќе имаат значајна улога во финалето.

    Плејмејкери: Мајк Биби и Марио Чалмерс против Џејсон Кид и Хозе Хуан Бареа.

    Поранешниот соиграч на Стојаковиќ од славната генерација на „Кингси“, сега има потешка задача одколку во Сакраменто. Иако секогаш сакаше да биде во центар во вниманието, сега се привикнува во улогата класичен организатор на играта. Сепак, Џејсон Кид е за класа подобар играч од Биби. Неогвата сестраност и одличните партии на Бареа му даваат предност на Далас на плејмејкерската позиција.

    Бек-шутери: Двен Вејд и Мајк Милер против Џејсон Тери и Дешон Стивенсон

    Во споменатиот пресврт 2006. Вејд постигна 42, 36, 43 и 36 поени. Во сите дуели со Далас, тој постигнува повеќе од 24 поени во просек, што значи дека прилично е мотивиран во натпреварите против Мавси. Милер е одличен шутер, и последните натпревари со Чикаго покажа дека се враќа во форма, иако повеќе игра на позиција крило. Одговор од Далас би требало да бидат Тери и Стивенсон кои се солидни одбранбени играчи. Бркањето на Вејд низ блоковите може да ги лимитира во офанзивните задачи, но плеј-офф рекордот на Тери во постигнати тројки покажува дека немора да биде правило. Вејд исто така има повреда на рамото, што може да биде проблем за Мајами.

    Ниски крила: Леброн Џејмс и Џејмс Џонсон против Шон Мерион и Пеѓа Стојаковиќ.

    Речиси да непостои одбрана против разиграниот Џејмс оваа сезона. Забележителен е и неговиот напредок во дефанзивните задачи, па постои варијанта тој да го чува Дирк Новицки. Сепак таа функција веројатно би ја одработувал повремено, за да може да го даде својот максимумот во офанзива. Шон Мерион пружи одлична партија против Кевин Дурант, и успеа да го запре во клучните моменти од натпреварот. Неколкуте слаби партии на Леброн во досегашниот дел од плеј-офф наптреварите покажува дека неговото „запирање“ не е невозможно. Стојаковиќ како и Џонс ќе бидат играчи кои ќе стартуваат од клупата, и ќе се обидат да влезат во што подобра шутерска серија.

    Крилни центри: Крис Бош и Јудонис Хаслем против Дрик Новицки.

    Новицки е апсолутен владетел на оваа позиција, но не треба да се заборават одличните партии на Крис Бош. Сепак тука Мајами ги има и Хаслем, Јуан Хауард па можеби и Џоел Ентони кои ќе се обидат да го заморат германецот. Сепак фактот дека Охлахома сити го чуваше со 6 различни играчи, и не успеа да го спречи.

    Центри: Џоел Ентони и Зидрунас Илгаускас против Тајсон Чендлер

    Доминацијата на Тајсон Чендлер може да биде клуч во битките во рекетот, иако центарот на Далас е поефикасен во одбраната него во нападот. И Хејвуд со константна игра би можел да има значајна улога. Преднос на Далас е тоа што и Чендлер и Хејвуд се повисоки од првиот центар на Мајами Џоел Ентони. Можеби би требало да се очекува настап на Илгаускас, чиј шут од полудистанца би требал да ги извлече центрите на Далас на пост. И тој прикажува одлични партии против Далас, со 14 поени и скоро 9 скока по наптревар.

    Како и тренерите да ја постават тактиката, како и да играчите тоа го спроведат на дело, следува спектаткл. Уживајте.