×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска започнува серијата помеѓу МЗТ и Куманово

    29.05.2015 11:50 | KumanovoNews

    Вечерва во 19 часот во салата Јане Сандански во Аердодром, екипите на МЗТ Скопје и Куманово ќе го одиграат првиот натпревар од финалната серија во домашното кошаркарското првенство.

    Денеска започнува серијата помеѓу МЗТ и Куманово

    Куманово имаше турбулентна сезона, но ако постои екипа со повеќе перипетии во домашното првенство тоа сигурно е тимот на МЗТ Скопје. Тие успејаа да сменат четири тренери и поголемиот дел од играчи, меѓутоа како одминуваше сезоната тимот го врати Алеш Пипан, тренерот кој го водеше тимот до неговиот најголем успех, се врати Стефан Синовец кој играше во тимот кој освои дупла круна, а подоцна тимот го засилија Александар Чапин, најкорисниот играч во АБА лигата за сезоната 2012/2013 и Данило Мијатовиќ кој располага со одличен шут за три поени.

    Една од причините за турбулентната сезона на МЗТ се и прволигашките порази од Фени Индустри, а доколку некој знае како се игра против тимот од Аеродром тоа сигурно е Димитар Караџовски кој во тој дел од сезоната настапуваше во Кавадарци. Со 11 поени и 9 асистенции во првиот и 17 поени и 2 асистенции во вториот натпревар тој беше меѓу подобрите играчи во својот тим, а денеска ќе се обиде повторно да ги искомплицира работите кај актуелниот шампион.

    МЗТ Скопје оваа сезона заврши предпоследен во АБА лигата со 7 победи и 19 порази, испаднаа од Кожув во полуфиналето од Купот на Македонија и треба да очекуваме со сите сили да го нападнат последниот трофеј кој можат да го освојат оваа сезона и за нив да биде колку толку успешна.

    Куманово и МЗТ одиграа 4 натпревари оваа сезона. Тие го нанесоа единствениот пораз на Куманово на домашен терен во првиот натпревар од Прва лига со резултат 70-77. Во вториот дуел аеродромци повторно славеа со 81-74. Во рамките од Суперлигата Куманово изненади во првиот меч со резултат 99-90, а во последниот натпревар меѓу овие два тима, МЗТ Скопје доминираше и триумфираше со 107-58.

    Куманово нема што да загуби во овие натпревари, тие ја остварија својата цел и отидоа чекор понатаму. Притисокот е на страната на МЗТ Скопје а доколку Куманово го покаже целиот свој потенцијал, тогаш сигурно следуваат неизвесни натпревари против МЗТ Скопје. Куманово е во победнички ритам, победи на последните два натпревари од Суперлигата против Фени и Работнички, подоцна го елиминираше Работнички во два натпревари, со што самодовербата е на високо ниво, а тимот е во вистински победнички ритам.

    Сите натпревари ќе бидат пренесувани од МРТ, првиот започнува вечерва во 19 часот во салата Јане Сандански, а според социјалните мрежи голем број на кумановчани ќе отидат да му дадат подршка на својот клуб.