Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово утре во 19 часот ја пречекува екипата на Кожув од Гевгелија.
За сега можеме да кажеме дека тимот на Куманово имаше успешен старт на новата кошаркарска сезона. Во првиот натпревар во домашното првенство беа убедливи против Струмица на гостински терен, а во нивниот втор натпревар беа на чекор од победа на жешкот терен во Пеќ. После тешкото гостување дефинититвно силниот тим на Кожув доаѓа во незгоден момент за кумановчани.
Саша Аврамовиќ беше МВП на минатото коло во домашното првенство, а Александар Костовски е МВП минатото коло од БИБЛ лигата, така да доколку проработи бековскиот двоец, Кожув ќе има тешка задача за освојување на двата бода во Куманово.
За тимот на Кожув утре во Спортската сала ќе настапат и двата поранешни кошаркари на Куманово, Урош Луковиќ и Милан Јањушевиќ, кои сигурно ќе имаат мотив плус за докажување пред кумановската публика.
Натпреварот ќе се игра во Спортската сала со почеток во 19 часот.