До крајот на годината ќе се градат уште 6 спортски терени, најави Димитриевски
05.05.2021 06:49
| KumanovoNews
Градоначалникот Максим Димитриевски најави дека до крајот на 2021 година Општината ќе изгради уште шест спортски терени во основните училишта.

„Во следниот период, до крајот на годината ќе изградиме уште најмалку шест спортски терени во основните училишта во општина Куманово, кои ќе ги користат учениците, но ќе ги користат секојдневно и граѓаните кои живеат во непосредна близина на училиштата“, изјави Димитиевски.
Дополнително, кажа дека се работи на проект со Североисточниот плански регион за реконструкција на стариот Градски парк и верува дека ќе успееат да го реализираат.