×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дурент е најдоброто од НБА

    13.06.2012 11:28 | KumanovoNews

    Суперстарот на Далас Маверикс, Дирк Новицки го понуди своето видување за крилото на Оклахома Сити Тандер, кое оваа сезона со своите одлични игри го предводи својот тим кон НБА титулата.

    Дурент е најдоброто од НБА

    Кевин Дурент ја игра најдобрата сезона во својата кариера, а тоа во комбинација со добрите соиграчи кои ги има околу себе во редовите на Тандер го носи тимот од Оклахома Сити по првата титула од преселбата на клубот во тој град.

    Со евентуално освојување на тронот тие таму ќе го наследат тимот на Далас, кој лани со 4:2 во финалето беше подобар од Мајами. Овој пат Тандер се соочуваат со истиот противник, кого го совладаа со 105:94 во првата средба.

    На тој дуел во последната четвртина доминираше Кевин Дурент, кој 17 од своите 36 поени постигна во второто полувреме. Со таква негова игра Тандер делуваат несовладливо, а ако продолжи вака Кевин сигурно ќе ги освои и МВП признанието за НБА финалето.

    Таа награда се уште е во сопственост на Дирк Новицки, кој лани беше лидер на шампионот Далас. Токму Германецот беше запрашан за играта на Дурент, нешто за што тој имаше само пофални зборови.

    Нема сомнеж дека Кевин е најдобар играч во НБА во моментов. Во него гледам играч кој нема слабости во својата игра и кој е многу пред мене кога станува збор за тоа каков бев јас играч на 23 години, колку што тој има сега. Кевин може да погоди од каде што ќе посака, а сега почна и да игра со грбот свртен кон кошот и во рекетот. Во контра, благодарение на својата градба, тој со еден чекор од линијата за три поени стигнува до обрачот за положување или забивање. Кевин ги има сите елементи кои се потребни за некој да биде голем играч и расен стрелец. Покрај тоа, тој е најдобар кога се решава победникот, а тоа и го докажа сезонава со неколкуте големи шутеви во финишот со кои им носеше победи на Тандер. Со еден збор, Дурент е феноменален играч - изјави Германецот.