Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца кумановци ќе учествуваат на Балканското првенство во атлетика за сениоери, кое ќе се оддржи следната недела во Истанбул.
Изборот на атлетичерите се одржа викендов на атлетскиот полигон на Техничкото училиште “Наце Буѓони“
Марјан Нојковски освои прво место во фрлање на ѓуле, а Матеја Ефремова е прва во трискок. Овие двајца наши членови си обезбедија учество на првенството како дел од репрезентацијата. Не се подготвувавме многу и сме задоволни со резултатите. На балканското првенство во Истанбул ќе учествува екипа од максимум 15 луѓе - изјави Филип Колевски, тренер во атлетски клуб “Скок“.
Тој додава дека и други членови покажаа добри резултати и тоа на трка од 1500 метри прв е Михајло Николовски, а трет е Емил Ефремовски. Во скок во далечина трето метсо освои Дарко Петровски. Жарко Атанасовски е трет на трка од 60 метри и лани беше прогласен за најдобар пионер во Македонија. На трка од 400 метри трето место освои и Огнен Павловски.