Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одкако го раскина договорот со Кожув, Урош Луковиќ сезоната ќе ја продолжи во КК Куманово.
Како што дознаваме од клубот, по неколку дневните преговори, попладнево Луковиќ го потпишал договорот да игра во КК Куманово.
Управата на Куманово ќе ги направи сите напори уште во текот на утрешниот ден да го регистрира Луковиќ, за да се здобие со право во среда да го одигра натпреварот во БИБЛ лигата против тимот на Пеќ.
Луковиќ не ја доби својата шанса во Кожув, но покрај сите напори на управата на Кожув да остане, тој си замина од тимот на Гевгелија.
Слично и минатата година, Луковиќ ја започна сезоната во естонскиот Тарту Уликол Рок, по што се врати и сезоната ја одигра во Куманово. Тој има 213 центиметри, игра на позицијата центар и за дваесетина минути по наптревар постигнува 14 поени и 8 скока.