Европско првенство на Градскиот кеј
08.06.2012 10:49
| KumanovoNews
Европското првенство во фудбал кое започнува денеска ќе може да се следи и во кафе-барот на Градскиот кеј.

Натпреварите ќе се следат на голем видео бим кој за таа намена ќе се постави во барот. Ќе бидат инсталирани и дополнителни монитори со кои ќе се добие непречен визуелен и аудио пристап од сите позиции каде што ќе бидат сместени гостите.
Организирано следење на натпреварите ќе има секоја вечер за време на натпреварите во централниот термин од 20:45 часот до 1 јули додека трае првенството.
Покровител на настанот е градоначалникот и Советот на Општина Куманово, помогнато од неколку фирми кои обезбедиле награди за посетителите.