Фабрегас: Не знам како ЕП може да се игра на ваков терен
11.06.2012 09:41
| KumanovoNews
Селекторот на фубалерите на Шпанија Висенте Дел Боске рекол дека е релативно задоволен од ремито со Италијаните 1:1 во првото коло на Групата Ц на Европското првенство во Полска и Украина, додека Сеск Фабрегас бил бесен поради состојбата на теренот.

Имавме свои шанси, но и тие. Освоивме само бод и релативно сум задоволен со резултатот, бидејки знаевме дека Италијаните ке не притиснат. Натпреварот беше доста отворен. Многу сум задоволен како одиграа Давид Силва, Сеск Фабрегас и Андрес Иниеста, рекол Дел Боске по натпреварот во Гдањск.