Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа пораз во натпреварот против Фени индустри со резултат 84-86, и утре од 17:30 ќе играат со МЗТ Скопје во натпреварот за третото место.
Над 2000 љубители на кошарката денеска во Спортската сала беа сведоци на еден одличен натпревар каде што нијанси одлучуваа кој ќе биде противникот на Рилски Спортист.
Тимот на Куманово имаше одличен старт, и уште на стартот покажа дека ќе биде тежок ривал за гостите од Кавадарци. Одличната игра на Тајлер Хајнс ја одушеви кумановската публика во првото полувреме, а тој и беше факторот што тимот замина на полувреме со резултат 43-40.
Третата четвртина ја обележа мал број на поени и добра одбрана на двете страни.
Александар Костовски покажа дека знае како се игра пред кумановската публика, и ги зема работите во свои раце во последниот период. Со неколку погодени шута, претежно за три поени, го внесе натпреварот во неизвесна завршница.
Сепак, Фени беше поумешен, а слободните фрлања ја направија главната разлика во последната минута од натпреварот кога Мандиќ и Костовски промашија едно од двете слободни фрлања. Натпреварот заврши со резултат 84-86.
Куманово утре во 17:30 игра против тимот на МЗТ Скопје, додека Фени индустри го игра финалето на турнирот со Рилски Спортист.