×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Финале пред финале

    13.06.2012 09:25 | KumanovoNews

    Вечерва на распоредот на ЕП е еден од најголемите дерби натпревари, Германија-Холандија, со почеток во 20.45 часот.

    Финале пред финале

    Во "групата на смртта" секој бод, а можеби и гол ќе биде пресуден.

    По победата на Данска и Германија во првото коло, Холандија и Португалија денес ќе тргнат по првите бодови во групата, со цел да останат во игра за пласман во нокаут фазата.

    Германците пред почетокот на првенството доживеаа незгоден пораз од Швајцарија, која им даде пет гола, во февруари беа поразени од Франција со 2-1, а во ноември минатата година го совладаа актуелниот светски вицешампион и денешен противник Холандија со високи 3-0.

    Селекторот на Германија, Јоаким Лев, на тој натпревар тргна доста офанзивно, со Подолски, Клозе и Милер во нападот, а избраниците на Ван Марвијк на таквата поставеност немаа одговор.

    Затоа холанѓаните одлучија добро да се подготват за ЕП, на кое очекуваат да играат во финалето. Во составот со кој стигнаа до финалето на последното Светско првенство има дури десет играчи. Во подготвителните натпревари, лалињата не ги исполнија очекувањата, загубија од Баерн (3-2), Бугарија (2-1), а ги победија Словачка и Северна Ирска, постигнувајќи вкупно осум голови.

    Во оваа група стана многу интересно уште на самиот почеток, откако Данска ја изненади Холандија со 1-0, а Германија одвај постигна гол за минимална победа против Португалија. Ниту едните, ниту другите не играа според очекувањата, иако пред ЕП беа означени како најголеми фаворити за златото, заедно со Шпанија.

    Секако дека атмосферата е напната пред овој натпревар, поготово по поразот во првото коло, но затоа ќе бидеме помотивирани. Нема да ви кажам како ќе победиме, тоа ќе им го кажам на своите играчи- изјави селекторот Берт Ван Марвијк.

    Големо е ривалството и очекувам ова да биде најинтересниот натпревар во последните 20-30 години- изјави Јоаким Лев.