Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во спортската сала во Куманово, утре во 11.30 часот Спортската градинка "Пинк Пантер" ќе одржи настап за најмалите спортисти да го покажат своето знаење пред јавноста.
Ќе настапат во две групи, околу 20-тина дечина на возраст од 3-8 години.
Оваа спорстко случување го организираат тренерите на екипата со цел преку игра, спорт и другарување да го презентираат успехот на најмалите постигнат во оваа сезона.
Ги повикуваме сите верни гледачи да повелат во Спортската сала и да го проследат овој настап на Пинк Пантери, каде децата ќе се потрудат со детска игра и спорт да Ви го претстават наученото од изминатата сезона- изјавија Елена Ѓурковска и Александар Атанасовски, тренери на екипата.