Фудбалери од кумановско ќе играат во Дељадровци
09.06.2012 08:39
| KumanovoNews
Вечерва во 19.30 часот екипа од село Пчиња ќе се натпреварува на турнир во мал фудбал во селото Дељадровци. Турнирот почнува вечерва и ќе трае неколку денови.

Во недела во 22.20 часот на истиот турнир ќе учествуваат и фудбалери од село Студена Бара.
Овој турнир е традиционален и се оддржува на игралиштето на средсело во Дељадровци. И претходните години посетителите во вечерните часови можеа да следат по три фудбалски меча едно по друго. Ќе се натпреваруваат екипи од повеќе кумановски и скопски села.