Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Спортски организации и клубови од Македонија, Србија и Босна креираа широко Балканско партнерство за поттикнување социјална кохезија и добросотојба на младите преку фудбал во рамки на проектот "Играј и вклучи се".
Проектот се имплементира со поддршка на ФИФА фондацијата, Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и Француската развојна агенција(АФД). Соработката се темели врз програмата „Спорт за развој“ која става фокус на развој на вештини кај младите луѓе преку фудбал, а најголем акцент ќе се стави на: тимска работа, соработка, солидарност, емпатија, со особено внимание на подобрување на металното здравје и психофизичката состојба на младите.
Проектот е под раководство на организацијата ТАКТ од Скопје, а партнери се фудбалски клуб "Пелистер" од Битола, женски фудбалски клуб "Џиџи" од Скопје, фудбалски клуб "Графичар" од Белград, организацијата "Респект" од Босна и организацијата "Фудбал за сите" од Скопје.
Претседателеката на ТАКТ и менаџер на прокетот, Магдалена Спасовска, истакна дека за прв пат во регионот фудбалот ќе ги обедини сите за една поголема цел, а тоа се младите и нивната добросостојба и регионална поврзаност.
„Оваа регионална соработка ќе ни овозможи да ја прошириме мрежата за спорт за развој во фудбалските организации и клубови. Се надевам дека ќе поттикнеме еден нов и иновативен пристап во спортот во регионот, а истовремено ќе овозможиме и зголемување на групата на тренери спорт за развој, поткрепување на фудбалските клубови со нови програми кои ќе го подобрат нивниот перформанс, но секако и да креираме нови можности за младите од Балканот да се дружат, спортуваат и забавуваат, изјави Спасовска.
Проектот предвидува серија активности: обука на тренери со програмата спорт за развој кои во своите локални заедници ќе ја применат програмата и ќе вклучат што е можно повеќе млади. Исто така предвидени се национални настани и фудбалски натпревари со акцент на вклучување на сите млади без разлика на нивото етничко потекло или социјален статус. Во јуни ќе се одржи и првиот регионален летен камп за млади фудбалери и фудбалерки кадешто младите од регионот ќе имаат можност да научат нови вештини, а пред сѐ да играат фудбал. Проектот става акцент поголемо учество на девојките во фудбал.
Програмата ќе опфати повеќе градови низ земјава: Крива Паланка, Куманово, Битола, Скопје и Гостивар.
Програмата спорт за развој започна во Крива Паланка пред четири години и активно се шири во повеќе општини во земјaта.