Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градскиот фудбалски клуб „Куманово“ утре, среда со почеток во 16 часот ќе игра против екипата на Фудбалскиот клуб „Фортуна“ во Синѓелиќ на домашен терен, во селото Доброшане.
„Се уште сме првопласирани, се надеваме така ќе остане до крајот на првенството и ќе имаме можност да се бориме за влез во Втората фудбалска лига. Затоа и ни е многу важна поддршката на нашата публика, за да ја зацврстиме позицијата на табелата, но и за наша сигурност и самопочит по двата напнати натпревари кои ги игравме на гости“, велат од стручниот штаб на ГФК Куманово.
На последниот одигран натпревар ГФК Куманово оствари значителна победа од 5:0 против екипата на Фудбалскиот клуб Бутел.
За влез во Втората лига шанса ќе има само првопласираната екипа на Трета лига Север, па приближувајќи се кон крајот на првенството раснат тензиите. Иако ГФК Куманово е на првата позиција на табелата со само еден нерешен натпревар веќе нема да може да смета на влез во повисок ранг на натпреварување.