Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во недела се играат елиминационите натпревари од Купот на Македонија, а ракометарите на Куманово за противник ја имаат екипата на Голден Арт КЛ7.
Двете екипи настапуваат во Супер-лигата меѓутоа оваа сезона немаат официјален дуел бидејќи се наоѓаат во две различни групи. Куманово засега нема импресивно враќање помеѓу суперлигашите и имаат една победа и 12 загубени натпревари, меѓутоа амбицијата на клубот е и опстанок помеѓу најквалитетното ракометно друштво. Голден Арт КЛ7 во досегашниот дел од сезоната имаат скор од 6 победи и 7 порази. Победникот на овој дуел се пласира во следната фаза, која ќе се игра во април следната година.
Натпреварот се игра во недела од 17 часот во салата на Економското училиште.