×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голема победа на Куманово против Работнички(галерија)

    24.05.2015 19:46 | KumanovoNews

    Тимот на Куманово забележа победа во вториот натпревар против Работнички и се пласираше во големото финале на домшаното првенство.

    Голема победа на Куманово против Работнички(галерија)

    Кумановчани беа решителни во намерата да не ја испуштат шансата што им беше укажана, па одиграа целосно дисциплиниран натпревар во кој покажаа дека токму тие се подобриот противник во оваа полуфинална двојка. Работнички единственото водство го имаше кон средината на првата четвртина, а Куманово брзо се одлепи на 10 поени предност.

    Во втората четвртина одбраната на Куманово целосно ги неутрализираше сите кошаркари на Работнички, кои по 7 минути во втората четврина почнаа да ги постигнуваат првите поени. Куманово имаше максимални 22 поени предност пред крајот на полувремето, а Работнички намали и отиде на паузата со резултат 42-22.

    Второто полувреме започна со благ налет на тимот од Градски парк, а забивањето на Луковиќ ги разбуди и играчите и присутните во преполната Спортска сала. Тодор Гечевски ја покажа својата величина и со две тројки по ред, украдена топка и лесни поени даде до знаење дека сеуште е рано да се отпише најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија. Сепак Куманово се консолидираше и продолжи во ист ритам и не му дозволи на Работнички да стигне на 2 поени негатива како во предходното гостување. Димитар Караџовски со тројката од десетина метри на истекот на нападот го запечати натпреварот, а Луковиќ со неколкуте атрактивни забивања целосно ја запали атмосферата во Спортската сала.

    Потоа следуваше славје на теренот кое се пренесе и на трибините со навивачката група Кумани, која им порача на играчите дека сакаат титула.

    Урош Луковиќ беше најефикасен во Куманово со 24 поени и 10 скока. Костовски постина 22 поени. Кај Работнички, Тодор Гечевски постигна 25 поени а Ѓорѓи Чековски постигна 14 поени.

    Противникот на Куманово ќе биде МЗТ Скопје одкако денеска победија против тимот на Фени Индустри.