Голманка од Куманово ќе игра за репрезентација
16.03.2012 10:22
| KumanovoNews
Ракометарката Ивана Зафирова(24) од Скопје, голман во женскиот ракометен клуб Куманово е повикана да игра за репрезентацијата во квалификациите за Европско првенство.

Со своите одлични одбрани во првиот дел од сезоната, таа заслужи да ја добие довербата на селекторот Гино Стрезовски.