Хјуит доби покана за Вимблдон
13.06.2012 11:46
| KumanovoNews
Австралискиот тенисер Лејтон Хјуит доби специјална покана од организаторите за да учествува на овогодишното издание на Вимблдон.

Тој победи на овој гранслем турнир пред точно десет години, па иако според моментниот ранкинг не заслужува, сепак, Хјуит доби посебна покана да биде дел од неофицијалното Светско првенство на тениските терени во Лондон, што започнува на 25 јуни.
Покрај Хјуит, покани за учество на Вимблдон добија и белгискиот тенисер Давид Гофин, како и Германецот Томи Хас. Во женска конкуренција, ваква можност да бидат дел од Вимблдон им е испратена на Вирџинија Раѕано и на Јарослава Шведова.