Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово со победа дебитираа во Супер лигата. За да победата биде поголема, во Куманово падна шампионот Фени Индустри.
После продолженија конечниот резултат беше 92:88.
Само МЗТ Скопје успеја во досегашната сезона да остане непоразен во Куманово. Уште на почетокот на натпреварот изабраниците на Луковиќ дадоа до знаење дека нема да има лесен натпревар за гостите од Кавадарци. Резултатот по првиот период беше 21:21 додека на полувреме Куманово имаше предност од само 1 поен разлика. Домашниот тим имаше мала криза кога влезе во проблем со личните грешки, меѓутоа ротацијата од 9-10 играчи направи проблемот да остане незабележан. Натпреварот беше цврст до последните моменти, а никоја од екипите не успеја да забележи поголема разлика од 8 поени.
Куманово имаше предност но неуспеја натпреварот да го приврши во своја корист. Предраг Самарџиев успеја да ја искористи изгуебената топка од Александар Костовски, и постигне тројка која ја намали разликата, а подоцна и Кнежевиќ да погоди за израмнување и продолжетоци.
Сепак играта на Куманово не падна после израмнувањето, и постигнаа 14 поени во продолжетокот, додека примија само 10 и славеа голема победа против шампионот Фени, со што се промовираа во сериозен претендент за Плеј-оф.
Најефикасен поединец на натпреварот беше Александар Костовски со 24 поени и Дејан Микиќ со 18 поени и 14 скока. Вистинско освежување во тимот е Урош Луковиќ кој постигна 12 поени но веќе во првото полувреме имаше 3 лични грешки и неможеше да го даде својот максимум. Дванаеет поени постигна и Дарко Матиќ. Милан Јанушевиќ иако постигна 16 поени не беше во своето препознатливо светло.
Кај гостинската екипа, Марко Симоновски постигна 16 поени и Дарко Соколов го заврши натпреварот со 15 поени.
Во останатите натпревари Работнички загуби од МЗТ Скопје со 69:88, а Торус ја совлада со резултат 78-73.
Следниот натпревар кошаркарите на Куманово го играат против Лирија на гостински терен.