Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По препорака на кондициониот тренер на Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија, Сандро Бенкардино, селекторот на Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија Игор Михајловски замина седум дена во италијанскиот град Болоња.
Таму тој ќе има можност да се запознае со тренажниот процес во работата на младинскиот и сениорскиот тим на прволигашот Болоња каде што тренер е Бенкардино, што секако за во иднина ќе му биде од голема полза за неговата селекторска функција. Инаку Михајловски е еден најдобрите и најуспешните кумановски кошаркари кој во минатото со голем успех настапуваше и за екипите на Партизан од Белград (со кој 1992 го освои и Купот на Европските Шампиони), Борац од Чачак, Рогла од Словенија и Порто и Луситанија од Португал. Во домшното првенство покрај екипата на Куманово со голем успех настапуваше и за екипите од МЗТ и Работнички од Скопје. Во моментот покрај функцијата селектор тој е сопственик и на КК Михајловски од Куманово кој се натпреварува во младинската лига во Македонија и во чиј состав работи и младинска школа, за која што тој лично смета дека единствено во неа лежи иднината на кошарката воопшто. Што се однесува пак до селекторската функција тој првиот поголем предизвик како селекторќе го има веќе оваа лето на Европското првенство за кадети што ќе се одржи од 19-29 Јули во градот Брашов во Република Романија.