×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Игравме под закани и напади, велат од ГФК Куманово по натпреварот со Шкендија

    25.03.2024 10:11 | Оливера Пешевска

    ГФК Куманово завчера со 0:3 загуби од ФК Шкендија од Арачиново. Фудбалскиот натпревар на гостински терен беше прогласен со висок ризик од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), а од клубот велат дека и покрај добрата организација од МВР фудбалерите ја немале потребната сигурност за да го дадат својот максимум.

    Игравме под закани и напади, велат од ГФК Куманово по натпреварот со Шкендија

    „На самото пристигнување на стадионот во Синѓелиќ луѓето кои требаа да обезбедат ред на стадионот, значи редари облечени во зелени панцири почнаа да се закануваат на нашите фудбалери дека живи нема да излеземе од стадионот. Пред почетокот на натпреварот истите редари дојдоа до клупата за резервни играчи и почнаа вербално да ги малтретираат нашите фудбалери. Пред стартот на натпреварот еден наш фудбалер е удрен со тупаница од домашниот фудбалер во пределот на лицето. Иако имаме неколку фудбалери со прволигашко искуство видно дека беа исплашени, а што да кажеме за нашите млади фудбалери кои беа загрижени за нивните животи“, стои во соопштението на ГФК Куманово.

    Според Тони Раденковиќ, потпретседател на клубот, делегатот не го внесе инцидентот во записникот, а по пристигнувањето на стадионот фудбалерите и стручниот штаб не се упатиле во соблекувалната, плашејќи се за својата безбедност, туку веднаш излегле на теренот и седнале на клупата.

    Според неофицијални информации, судиите биле заклучени во нивната соблекувална пред почетокот на натпреварот. Имало голема тензија на теренот, а играчите истрчале да играат иако биле под голем стрес.

    Од ГФК Куманово додаваат дека се млада екипа која има амбиции чесно да влезе во Втората лига, а потоа и во Првата лига.
     
    „Сакаме јавно сите да ве прашаме, вреди ли да вложуваме во фудбалот и да се бориме за повисок ранг со екипи како на денешниот натпревар? Во секое лошо има и добро, кој знае што ќе се случеше ако ние победивме на натпреварот, сите фудбалери се живи и здрави што ни е секако најважно. Првенството е долго и има уште многу да се игра, ние уште сме лидери на табелата така ќе биде и на крајот, ако луѓето од ФФМ обезбедат фер и коректни услови и најстрого да ги казнат сите екипи што сакаат да земат бодови на сила по секоја цена“, заклучуваат од ГФК Куманово.